Makedonski Jazik i Literatura
Razgovoren Stil
Разговорниот стил се применува во неофицијалната комуникација, односно во секојдневните разговори меѓу луѓето.

Најчест е во усна форма, но може да биде и во писмена.

Карактеристично за овој стил е економичноста на изразот. Се скратуваат и речениците и зборовите (на пр.: шо наместо што). Во говорот ги изоставуваме сите непотребни делови, а ги надополнуваме со израз на лицето и гестикулација.